Околу 240 турски државјани побарале азил во Грција по обидот за преврат

Анкара, 25 март 2017 (МИА) - Околу 240 турски државјани побарале азил во Грција по неуспешниот обид за преврат во јули минатата година, покажуваат официјалните податоци на грчките власти., пишува весникот „Катимерини“.
Според податоците за периодот јули 2016 - февруари 2017. политички азил во Грција побарале 236 турски државјани.
За повеќето од нив се претпоставува дека се членови на организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за пуч. ац/16:32
###



Мекејн: Мошне ме загрижува потенцијалната конфронтација на Балканот
Брисел, 25 март 2017 (МИА) - Американскиот сенатор и претседавач на Комитет на Сенатот за вооружени сили, Џон Мекејн изјави денеска дека е мошне загрижен поради „тензиите, ривалството и потенцијалните конфронтации“ на Балканот и најави дека САД следната недела ќе го ратификуват протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.
- Тоа го бара вниманието на Европската унија, НАТО и на сите сојузници да се обидат да спречат некои од тие заканувачки и потенцијално заканувачки кризи, изјави Мекејн на Бриселскиот форум на Германскиот Маршалов фонд во САД.
Тој истовремено укажа на значењето на приемот на Црна Гора во Алијансата, изразувајќи уверување дека САД следната недела ќе го ратификуваат Проколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.
Најавувајќи го гласањето за членството на Црна Гора за понеделник Мекејн изрази уверување дека големо мнозинство членови на Сенатот ќе го поддржат. ац/17:12
###



Германија испорачува оружје за Турција и покрај спорот со Ердоган
Берлин, 25 март 2017 (МИА) - Германија само од почетокот на оваа година и испорачала на Турција оружје вредно 21,8 милиони евра, иако германските медиуми на почетокот на неделата известуваа за тоа дека на Турција поради кршењето на човековите права се повеќе и се ускратува испораката на оружје.
Германската Влада соошти дека се отфрлени 12 барања за испорака на оружје, а причината е зголемената загриженост поради надворешно политичките репресии во Турција.
Меѓутоа според наводните на германското Министерство за економија, кое е одговорно за издавање одобрение, од 1 јануари 2017 година, значи за само два и пол месеци, се одобрени 54 испораки на оружје за Турција, со вкупна вредност од 21,8 милиони евра.
Двете најголеми испораки се во категориите бомби, торпеда и ракети, чија вредност изнесува речиси 18 милиони евра. Тука се и испораките кои содржат опрема за воени бродови, воена електроника, како и осум дозволи за испорака на непознат број пиштоли.
Од Германија лани во Турција се извезени оружје и воена опрема во вредност од 84 милиони евра, што значи дека месечната испорака била во вредност од седум милиони евра. Значи од почетокот на оваа година месечната испорака се зголемила на девет милиони евра. ац/17:50
###



Кражба на метадон во вредност од над 200 милиони динари од психијатриска клиника во Нови Сад
Белград, 25 март 2017 (МИА) - Непознати лица украле од псијихатриска клиника во Нови Сад метадон во вредност од над 200 милиони динари (1,6 милиони евцра), јави денеска српската националната телевизија РТС, посочувајќи дека податоците не се официјални.
Полицијата потврди дека имало кражба, но одби да соопшти детали за инцидентот пред завршувањето на истрагата.
Метадонот е синтетички медикамент од групата опијати, кој се употребува во лекување на зависност од хероин. ац/18:01
###



Ердоган: Турција може да свика втор референдум по 16 април во врска со преговорите со ЕУ
Истанбул, 25 март 2017 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција може да одржи втор реферeндум во врска со прашањето дали да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија по референдумот, планиран за 16 април.
- Сега организираме референдум на 16 април и потоа може да одлучиме да свикаме втор за преговорите за влез и ќе се усогласиме со решението на народот, рече Ердоган на форум во Анталија.
Турција почна преговори за влез во ЕУ во 2005 година, no тие бавно напредуваат поради противречностите околу кипарското прашање, човековите права и други теми. ац/19:29
###



Романија: Илјадници лица маршираа против абортусот
Букурешт, 25 Март (МИА) - Илјадници лица, меѓу кои и православни свештеници, маршираа денеска во Букурешт и во останатите градови во земјата за да го изразат својот став против абортусот, како и да дадат поддршка за семејниот живот.
Членовите на групата која е против абортусот се собраа во паркот што се наоѓа во јужниот дел на Букурешт, а потоа започнаа со маршот.
Лицата извикувале „живот“ и носеле балони со испишани пораки како: „Секое дете е ангел кој доаѓа на овој свет" и „ Жените заслужуваат повеќе од абортус“.
Фондацијата „Провита“ тврди дека околу 210 абортуси се прават секојдневно во Романија, напоменувајќи дека абортусот е легален до 14 недела од бременоста.
Поранешниот комунистички „диктатор“ Николае Чаушеску ги забрани абортусите и контролата на раѓањето во 1968 година со цел да се обиде да го зголеми бројот на жители во Романија, а абортусот е повторно легализиран во 1990 година по симнувањето на Чаушеску од власт. см/10:37
###



Грција: Уапсени се две лица кои превезувале 20 мигранти
Солун, 26 март 2017 (МИА) - Грчката полиција соопшти дека уапсила еден турски и еден бугарски возач на камион, кои превезувале 20 миграти во близина на границата со Турција.
Турскиот возач превезувал осум Пакистанци и по еден ирачки и сириски мигранти, додека во возилото на Бугарионот се наоѓале десет Пакистанци.
Грчката полиција наведе дека од Турција границата ја преминуваат околу 400 мигранти месечно. см/ 08:53
###



Турција повика швајцарски дипломат поради протестот против Ердоган во Берн
Анкара, 26 март 2017 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Турција синоќа го повика заменик-амбасадорот на Швајцарија во Анкара, за да ми врачи протест поради демонстрациите во Берн, за време на кои бил издигнат постер со повик за убиство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Илјадници лица, вклучувајќи ги и поддржувачите на Курдската работничка партија (ПКК), се собраа синоќа на протест во Берн, повикувајќи да се гласа со „Не“ на референдумот во април.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува од швајцарските власти да направат истрага.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа телефонски разговор со неговиот швајцарски колега со цел да го изрази неговиот гнев поради протестот.
Претставник на швајцарските социјалдемократи, кој бил еден од организаторите на протестот, потврди дека за време на демонстрациите бил носен постер со повик за убиство на Ердоган.
- Тоа беше единствениот постер, што ги премина границите на пристојност, увери тој.
Ердоган, исто така ја критикуваше Швајцарија поради демонстрациите.
Тој истакна дека меѓу демонстрантите имало и приврзаници на терористички групи. см/ 12:13
###




Баша: САД знаат за поврзаноста на Рама со мафијата
Тирана, 26 март 2017 (МИА) – Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, денеска на 37-от ден од протестите пред албанската Влада, упати тешки обвинувања до актуелниот премиер Еди Рама и го повтори барањето за негово заминување.
Тој наведе дека Демократската партија и нејзините сојузници ја имаат подршката на Америка и Европа, што добро знаат дека со „Албанија владее премиер кој станал едно со мафијата“.
- Ова е 37-ми ден од протестите, нашата одлучност не се намалува да останеме овде на овој плоштад. Уште од првиот ден истакнавме дека ова е национално движење, бидејќи од него зависи судбината на сите Албанци, каде и да се. Друга алтернатива нема, една силна Албанија е најдобра и најсигурна гаранција за посилни и подостоинствени Албанци, каде и да живеат, порача Баша.
За албанскот демократски лидер, една слаба Албанија каде власта ја држи во рака судбината на луѓето и се заканува со купување гласови, е “најголемата гаранција за другите земји да ги негираат правата на Албанците во дијаспората“.
- Ова не е движење чија цел е менување на границите, туку движење кое тежнее тие граници да не бидат бариери и да ги обединат Албанците. Поради тоа ја имаме подршката од сите Албанци каде и да се. Ова е битка за достонството на албанскот народ, битка за слободни и фер избори, нагласи Баша.
Поради тоа, Америка и Европа се со нас до крај, потенцираше лидерот на најголемата опозициска Демократска партија.
- Треба да ја ослободиме Албанија од тиранијата. Западот и Вашингтон ја знаат вистината дека Албанија ја раководи премиер кој стана едно со мафијата,- изјави Баша пред демонстрантите во огромниот шатор пред Владата во Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...