Неутрализирани се 19 терористи кои се подготвувале да извршат напад во Турција Анкара, 26 март 2017 (МИА) - Деветнаесет терористи, кои се подготвувале да извршат напад врз воени бази во југоисточниот дел на Турција се неутрализирани, при две одделни операции во реонот на градот Јукшекова, соопштија турските вооружени сили. Во соопштението стои дека 19 неутрализирани борци се членови на „сепаратистичката терористичка организација“, очигледно мислејќи на Курдската работничка партија (ПКК).
|