ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Софија, 27 март 2017 (МИА) - Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) освои 32,5 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, покажуваат првите резултати од Изборната комисија по пребројани 89 отсто од гласовите.

Според досега преброените гласови, ГЕРБ ја има довербата на 32,58 отсто, што значи за оваа партија гласале малку над 1,041 милиони избирачи, со што би имале 96 пратенички места.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) освои 26,82 отсто или 79 пратеници.

Потоа следуваат „Обединети патриоти“ со 9,17 проценти од гласовите или 27 пратенички места. Четврта политичка сила во земјата е етничката турска Партија на права и слободи со 8,93 отсто, односно 26 пратеници и петтата партија која ќе има своите претставници во бугарскиот парлмент е „Волја“ на бизнисменот Веселин Марешки, која го мина цензусот од 4 отсто и, според досегашните резултати, освои 4,11 отсто од гласовите и најверојатно ќе освои 12 места во парламентот.

Конечните официјални резултати се очекуваат в четврток.

Лидерот на БСП Корнелија Нинова го призна поразот и честиташе на победата на партијата на Борисов, дополнувајќи дека нејзината партија ќе се обиде да формира влада, доколку ГЕРБ не успее.

- Сакаме да им честитаме на победниците, ГЕРБ. Доколку тие не успеат да формираат влада, а ние го добиеме мандатот, ќе се обидеме да формираме Влада со цел да ја осигураме безбедносна на земјата, потенцираше Нинова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...