„Прото тема“: Грците извезуваат милиони евра во македонските казина

Атина, 27 март 2017 (МИА) – Со познати имиња од грчката естрада, бесплатна храна и пијалоци, македонските казина го цедат она што е останато од колабираната економија во северна Грција, најмногу од Солун, пишува грчкиот портал „Прото Тема“, во уште една репортажа за Грците, кои се редовни посетители на македонските казина кај Гевгелија.
Потсетувајќи дека Македонија и Грција имаат постојано несогласувања околу национални прашања, „Прото Тема“ пишува дека со атмосферата што може да се забележи за време на викенди на грчко-македонската граница, се докажува дека никој не обрнува внимание на тоа.
„Скопјаните ни извезуваат туристи, ние им извезуваме играчи за нивните слотови и маси за Блекџек“, коментира порталот.
Според „Прото тема“ македонските казина, најмногу трите во близина на границата со Грција, годишно имаат 550 илјади посети од грчки граѓани кои трошат 60 милиони евра.
Во овие казина, наводно работеле и многу Грци кои не биле осигурани и кои се „невидливи“ за грчките даночни власти. Порталот наведува дека претставници на грчката Комисија за контрола и супервизија на игри на среќа никогаш не ја посетила Гевгелија, и покрај постојаните информации дека таму се одлеваат многу пари на грчките граѓани, но и се враќаат големи добивки, кои не се оданочуваат. За оваа појава не бил заинтересиран ниту одделот за финансиски криминал, ниту грчката полиција.
Како втор „феномен“ за она што се случува на грчко-македонската граница, порталот го наведува и купувањето во фри-шопот на грчка територија, за кој коментира дека во сабота навечер е полн како супермаркет во викенд.
„Корпите се полни со неоданочени виски и цигари, а само неколку метри после границата, бензините се поевтини за околу 30 проценти“, се информира во текстот.
Претседателот на Трговската и индустриска комора на северна Грција Димитрис Бакацелос за „Прото тема“ изјавил дека Комората постојано ја истакнувала потребата од зајакнување на контролата на границата за да се спречи шверцот, но во исто време ги подвлекол и придобивките од туризмот во областа. Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, пак, одбил да даде изјава на оваа тема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...