Косовската влада му дозволи предизборен престој на Вучиќ на КосовоПриштина,28 март 2017(МИА) – Косовската влада му дозволи на српскиот премиер и кандидат за претседател,Александар Вучиќ да го посети Косово,во рамки на неговите предизборни активности. Според владината одлука Вучиќ во Лепосавиќ може да прстојува три часа. Информацијата ја соопштил шефот на косовската дипломатија,Енвер Хоџај, на заедничката прес конфернција со министерот за надвроешни работи на Луксембург, Жан Аселборн. Хоџај додал дека одлуката, да му се дозволи престој на Вучиќ на Косово, била тешка одлука за Владата на премиерот Иса Мустафа, поради „последните провокации кои дошле од соседната држава“. - Одлуката е донесена во духот на добра волја кон странските пријатели,како што се Германија и ЕУ,изјавил Хоџај.
|