Милион Турци гласале надвор од земјата за референдумот во Турција

Истанбул, 10 април 2017 (МИА) - Над еден милион турски граѓани гласале надвор од границите на земјата на референдумот за уставни промени, со што може да биде воведен претседателски систем на управување во Турција. Вчера заврши гласањето на Турците што живеат надвор од земјата.
На територијата на земјата гласањето на референдумот ќе биде одржано на 16 април.
Според медиумите одѕивот на турските граѓани надвор од земјата е околу 51-52 проценти при вкупно 2,5 милиони гласачи во 31 земја во Европа.
Гласачките ливчиња ќе бидат доставени во Турција со авиони на компанијата „Туркиш ерлајнс“, а нивното пребројување ќе се одржи на 16 април, веднаш по завршувањето на гласањето во земјата.
Овие гласови ќе имаат подеднаква важност, како гласовите на лицата кои живеат во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...