Грчкиот министер за одбрана го посети Косово, но немаше официјални средби

Атина/Приштина, 12 април 2017 (МИА) - Грчкиот министер за одбрана Панис Каменос, вчера престојуваше на Косово, каде ги посети грчките војници од составот на КФОР, но не се сретна ниту со еден официјален претставник на централните институции во Приштина.
Грчкиот весник „Катимерини“, во своето денешно онлајн издание, пренесува дека Каменос во обраќањето до припадниците на грчката војска во Косово го истакна растечкото значење на улогата на Грција на Балканот.
„Грција веќе не е споредна земја во регионот, туку по многу години постепено добива водечка улога во создавањето значајна осовина на стабилноста“, истакна грчкиот министер.
Каменос, исто така, го критикуваше засилувањето на агресивната реторика на Турција, порачувајќи дека „националните планови ќе бидат применети доколку кој било се обиде да ги повреди националниот суверенитет или територијалниот интегритет на Грција“.
- По ниту една цена нема да се повлечеме и ниту еден предизвик нема да мине без одговор, предупреди тој.
Медиумите во Приштина забележуваат дека Каменос во текот на посетата на Косово не се сретна ниту со еден официјален претставник на централните институции во Приштина, потсетувајќи дека Грција е една од петте земји членки на ЕУ која не ја признаа независноста на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...