Мекејн: Неприфатливо е однесувањето на Русија во Балканот и во светотПодгорица, 12 април 2017 (МИА) - Американскиот сенатор Џон Мекејн во Подгорица и го честиташе на Црна Гора членството во НАТО и упати критики кон Русија за нејзините обиди за мешање на Балканот. - Неприфатливо е однесувањето на Русија во регионот и во светот. Таквото однесување бара наша солидарност и сила, посочи Мекејн. Во декември 2015 година Црна Гора доби покана за членство во НАТО.
|