Могерини и Хан изразија жалење за неучеството на албанската опозиција на изборите

Тирана,13 април 2017 (МИА) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изразија жалење поради бојкотот на албанската опозиција на Парламентот и нејзиното нерегистрирање за учество на изборите.
Во заедничката изјава околу политичката криза во Албанија, Могерини и Хан наведуваат дека политичката дебата не треба да биде надвор, туку внатре во Паламентот, врз основа на демократската практика.
- Граѓаните заслужуваат одговорно лидерство. Повторно упатуваме апел до политичарите да се однесуваат одговорно, со почитување на институциите и да го отворат патот за демократски избори, во согласност со меѓународните стандради, се наведува во заедничката изјава на двајцата високи функционери на ЕУ.
Тие посебно ја нагласуваат големата потреба на Албанија од правосудните реформи, а поради неучествувањето на парламентарната седница на опозицијата, поради бојкот, блокирано е формирањето на неопходните судски институции, кои се многу значајни за иднината на Албанија.
Сепак, Могерини и Хан се оптимисти дека албанските лидери ќе покажат одговорност и способност за да дејствуваат според законските институцонални процедури.
Централната изборна комисија на Албанија, по истекот на рокот за тоа, соопшти дека за парламентарните изборите, закажани за 18 јуни, се регистрирале 45 политички субјекти,но не и партите од обединетата албанска опозиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...