Албанската Влада го усвои Предлог законот за малцинства

Тирана,13 април 2017(МИА) – Албанската Влада на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за заштита на националните малцинства во земјата, што набрзо треба да се најде на дневен ред на Парламентот.

Во член 3 од Законот пишува дека за национални малцинства во Албанија се сметаат: Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.



-Овој закон го регулира остварувањето на правата на припадниците на националните малцинства во Република Албанија, во согласност со одредбите од Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, ратификувана во 1999, и меѓународните договори од областа на човековите права. Припадниците на малцинставата треба ди ги почитуваат правната држава, територијалната целовитост и суверенитетот на Република Албанија, се наведува меѓудругото во текстот на Предлог-законот.

Со законот се гарантира претставување и негување на нивните културни, етнички, јазични и верски карактеристи и традиции, како и право во идентифкација, образование...
Како што понатаму стопи во во член 3 од законот, формалното признавање на националните малцинства сега се прави со закон, на иницијатива на Владата и по предлог на министерот за внатрешни работи, а врз основа на барања на претставници на малцинствата.

Албанија за првпат носи ваков закон.

Засега нема реакции од малцинствата околу Предлог-законот, што всушност е донесен под силен притисок на претставниците на малцинствата, кои имаат голема поддршка и од Народниот правобранител и претставниците на меѓународната заедница во Албанија.
Со донесување на ваков закон Албанија е условена и од ЕУ, за са може да ги почне преговорите за членство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...