Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи

Белград, 20 април 2017 (МИА) - Изјавите кои се однесуваат на обединување на Албанија и Косово се само во доменот на личните желби на поединци, но би ги замолил да не ги изнесуваат јавно, бидјеќи тоа не придонесува за развој на добрите односи во регионот, изјави денеска новоизбраниот претседател на Србија и актуелен српски премиер Александар Вучиќ.
- Таквите изјави не продонесуваат за создавање на атмосфера на соработка и спроведување на заеднички проекти, рече Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово, доколку пропадне европската перспектива на земјите од регионот.
Вучиќ нагласи дека на сите им е јасно дека до обединување на Албанија и Косово нема да дојде, без разлика на нечии желби.
- Ние никого нема да навредуваме и нема да се закануваме со никакви изјави. Пред се размислуваме за економскиот напредок на Србија, порача Вучиќ на прес-конференција во Белград.
Рама завчера во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се дојде и до обединување на Албанија со Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...