Вучиќ: Обединувањето на Албанија и Косово останува само во сферата на желбите

Белград, 20 април 2017 (МИА) - Српскиот премиерАлександар Вучиќ, кој е избран за претседател на земјата, денеска наведе дека изјавите на премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Хашим Тачи, за обединување на Албанија и Косово, во случај да избледат перспективите за членство во ЕУ, остануваат само во сферата на желбите, и при тоа ги замоли протагонистите да не зборуваат такви работи, бидејќи тоа не придонесува за добрите односи во регионот.
Новоизбраниот српски претседател нагласи дека на сите им е јасно дека тоа нема да се случи, независно од нечии желби.
- Нема да навредуваме никого, нема да се закануваме со никакви изјави. Ајде да мислиме пред се на економскиот напредок на Србија, истакна Вучиќ.
Тој изјавите на Рама и Тачи ги оцени како закани, бидејќи, како што објасни, „не може да има обединување на сите Албанци без конфликт во неколку држави“.
Вучиќ ја повика Европската Унија да излезе со јасни ставови за случувањата во регионот.
- Ако јас кажам нешто за обединувањето на сите Срби во регионот, во Брисел ќе ме закачат на јарбол место знамињата што се кренати таму, потенцира Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...