Албанската опозиција најави радикализација на протестите

Албанската опозиција, која протестира без прекин од 18 февруари, од следната недела најави радикализација на протестите, почнувајќи со блокирање на сите патни правци во земјата, јави дописникот на МИА.

За в понеделник, ден пред доаѓањето во Тирана на германскиот преговарач за надмнување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, опозицијата најмалку еден час ќе ги блокира патиштата.

- Ќе се обединиме меѓу 11 и 12 часот за целосна блокада на националниот сообраќај низ цела Албанија, најави лидерот на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија, Љуљзим Баша.

Тој верува дека оваа форма на протест, користена и претходно од неговата партија, ќе ја засили пораката на одлучност на опозицијата дека не се откажува од барањето за техничка влада.

- Единственото решение е техника влада со народен мандат да се бори против дрогата, да го гарантира гласот на Албанците и да ги истера крминалците од извршната власт. Дијалог? Апсолутно, за да се постигне тоа, порача Баша.
Тој додава дека она што го почнуваат в понеделник ќе биде само „прво предупредување дека нема враќање од патот за целосна победа на граѓанската кауза“.

Паралелно со протестите в понеделник, за кои не ја отфрла можноста да продолжат, обеднетата опозиција се подготвува и за масовен протест на 7 мај во градот Каваја, кога ќе се гласа за избор на градоначалник, со цел, според Баша, да се спречат избори „организирани од соживотот на Владата со криминалот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...