Ердоган: Ме нарекуваат диктатор, бидејќи го кревам својот глас против тирани

Анкара, 23 април 2017 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека причината поради која го нарекуваат диктатор од некои членови на меѓународната заедница е тоа што тој го крева својот глас против тирани, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

- Како може некој, кој нема слух за гласовите на милиони муслимански деца, убивани во Сирија, да се смета за следбеник на Пророкот?, праша Ердоган на церемонијата по повод раѓањето на муслиманскиот пророк Мухамед.

- Веројатно го видовте таткото, кој во раце ги носеше мртвите деца близнаци по хемискиот напад ( во Сирија), рече тој.

- Колку толку тие никаквеци ќе продолжат со својата жестокотст, без да платат цена за тоа? Како не нарекуваат само затоа што говориме против нив? Велат диктатор. Нека зборуваат. Ние ќе продолжиме да го креваме гласот против нив. Затоа што нашиот Пророк не учи дека прифаќањето на суровоста е суровост, нагласи Ердоган и го повика муслиманскиот свет да покаже солидарност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...