Турската гранична полиција пронашла над 20 мигранти кои се обидувале да избегаат во БугаријаИстанбул, 22 април 2017 (МИА) - Турската гранична полиција фатила две групи од вкупно 21 мигрант при обид да избегаат во Бугарија. Мигрантите се криеле во околината на граничниот премин Мало Трново, со намера во текот на ноќта да преминат на бугарската територија. Лицата се од Авганистан и Пакистан. Тие се предадени на миграциската служба, за да бидат вратени назад.
|