Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово

Приштина, 23 април 2017 (МИА) - Косовските медиуми објавија дека Рамуш Харадинај, некогашниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) можно е да биде единствениот кандидат на опозицијата на евентуланите вонредни парламентарни избори во Косово.
Харадинај, лидерот на Алијансата за иднина на Косово, во Колмар ја очекува одлуката на францускиот суд за тоа дали ќе биде ослободен и ќе се врати во Приштина или ќе биде екстрадиран во Србија. Одлуката треба да биде донесена на 27 април.
Србија го обвини Харадинај за извршување на воени злосторства.
- Убеден сум дека во моментов најсериозна кандидатура, најсигурна и најдобра, е понудата на господинот Харадинај, идниот премиер на Косово, изјави лидерот на Иницијатива за Косово Фатмир Лјимај, најавувајќи ја можноста Харадинај да биде единствениот кандидат на косовската опозиција на евентуалните вонредни парламентарни избори во Косово.
Лјимај објасни дека следните две недели се клучни за тоа дали во Косово ќе бидат одржани вонредни избори.
Косовските медиуми јавија дека Инцијатива за Косово наводно уште од утре ќе започне со собирање на потписи за изгласување на недоверба за косовската Влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...