Дачиќ утре ќе одржи состанок со Хан Брисел, 23 април 2017 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ утре ќе престојува во Брисел, каде ќе одржи состанок со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Дачиќ и Хан ќе разговараат за актуелната состојба на преговарачкиот процес на Србија и перспективите за понатамошно отворање на новите поглавја, ситуацијата во регионот, како и за регионалната соработка на Западен Балкан во контекст на подобро поврзување во регионот, со цел негово поскоро пристапување кон Европската унија, стои во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.
|