Не пресушува реката албанска марихуана

Тирана, 25 април 2017 (МИА) – И покрај зајакнатите активности на албанската полиција за сузбивање на недозволената трговија со марихуана, овој феномен продолжува и понатаму.
Во последните два дена, во неколку акции албанската, италијанската и грчката полиција заплениле околу 700 килограми марихуана.
Грчката полиција во близина на Игуменица, заплени 211 килограми марихуана и уапси двајца албански државјани, на возраст од 27 и 30 години. Дрогата била транспортирана со две возила, со грчки регистарски таблички а крајната дестинација била Атина.
Во Атина требало да завршат и 119 килограми мархуана, што во близина на градот Арта, и запленила грчката полиција, која уапсила 29-ет годишен албански државјанин.
Нивните албански колеги во три одделени акции заплениле околу 270 килограми од истото наркотично средство.
Во првата акција запленети се 48 клограми во зелениот појас на границата со Црна Гора. Двајцата шверцери, кога забележале дека ги следи граничната полиција ги оставиле вреќите со дрога и се изгубиле во планинските предели.
Полицијата во Тирана запленила 102 килограми марихуана и уапсила четири лица од градовите Малакастра и Тепелена, додека во последната акција, вчера вечер ,полицијата кај градот Корча заплени над 120 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на грчка територија.
Во италијанскиот град Санремо, полицијата уапси 42-годишен Албанец во чиј дом открила 83 килограми мархуана.
Во изминатиот период од годинава, полициите на трите земји имаат запленето над 50 тони албанска марихуана, од нив околу 30 тони во Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...