Две лица загинаа во бродска несреќа во близина на Дубровник Загреб, 26 април 2017 (МИА) - Две лица загинаа, а петмина се водат како исчезнати откако синоќа се судрија брод на Капетанијата во Дубровник и гумен чамец. Во гумениот чамец, кој се враќал од островот Шипан, се превезувале девет лица. По судирот две лица се здобиле со лесни повреди, а пронајдени се и две тела. Потрагата по другите пет лица се уште трае.
|