Опозицијата не го удостои Мета на средбата со парламентарните партии

Тирана, 27 април 2017 (МИА) - Спикерот на албанскиот парламент и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција Илир Мета, искажа разочараност од неучеството на опозицијата на средбата, што тој ја свика со парламентарните партии, со цел да се разговара за политичката криза и измени во изборнот законик.
- Опозицијата не покажува волја за решавање на политичката криза, бидејќи таа дијалогот го поистоветува со ултиматумот. Од страна на владејачкото мнозинство направени се неколку значајни чекори за создавање што покоструктивна клима на доверба, но, се подразбира, опозицијата има агенда која не е во прилог на процесот и на самата опозиција, изјави Мета по средбата.
Тој смета дека партиите треба да седнат и да разговараат за измени во изборниот законик од 2008 година ,кој „и сега ги држи изборите во темина“.
- Треба да се направи се за гласот на граѓаните да биде праведен и рамноправен. Ние се ангажираме да придонесеме за политичко решение. Треба да придонесеме оваа предкриза да не не однесе во состојба на незадоволство. Овој изборен законик не им ја донесе на граѓаните демократијата која ја посакуваат и ја носи земјата од криза во криза, посочи Мета.
Овој чекор на Мета следуваше ден по неуспехот на преговорите на главните политички партии, Социјалистиката партија, Движењето за социјалистичка интеграција и Демократската партија, со посредство на европските пратеници Кнут Фленкенштајн и Дејвид Мекалистер.
Парламентарните избори се закажани за 18 јуни. Рокот за пријавување кандидатури Централната изборна комсија го продолжи до 29 мај. Опозицијата најави бојкот на изборите, барајќи формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни и фер избори. Актуелнот премиер и лидер на социјалистите Еди Рама, повеќе пати повтори дека избори ќе има и без опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...