Еулекс: Останува приоритет решавањето на судбината на околу 1.665 исчезнати лица

Приштина, 27 април 2017 (МИА) - Шефицата на Еулекс Александра Пападопулу изјави денеска дека решавањето на судбината на околу 1.665 лица, кои се водат како исчезнати, останува приоритет за Еулекс.
Оваа мисија останува посветена кон укажувањето на поддршка во решавањето на судбината на исчезнатите, но Пападопулу предупредува дека што повеќе време поминува во процесот на идентификација, станува се потешко, стои во соопштението направено по повод Денот на исчезнатите што се одбележува во Косово.
Се наведува дека Еулекс останува посветена на потрагата за исчезнатите лица и нивната идентификација, додека работи и на изградбата на локални капацитети во рамките на Институтот за судска медицина, подготвувајќи се за одговорен пренос на надлежноста во овој процес на локалните органи.
Соопштено е дека од декември 2008 година, кога мисијата започна со работа, на семејствата им се вратени посмртните останки на 494 жртви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...