Бојко Борисов апелира за политичко решение на ситуацијата во Македонија

Софија, 28 април 2017 (МИА) - Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов настојува за наоѓање на политичко решение за ситуацијата во Македонија, изразувајќи загриженост поради случувањата во соседната земја.
- Македонија како држава е од суштинско значење и за Бугарија да го зачува суверенитетот и интегритетот и да продолжи по патот на евроатланските интеграции. Не е убаво на нашата граница да има таква нестабилност, изјави Борисов на прес-конференција во Парламентот.
Тој нагласи дека ги искористил своите лични контакти да им пренесе на политичарите во Скопје дека при вакви тензични ситуации се поднесува оставка, како што тоа е направено во Бугарија, Италија и Велика Британија.
Претседателот на ГЕРБ и кандидат за премиер на Бугарија синоќа телефонски разговарал со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Многу внимателно, без никакво мешање во внатрешните работи, побарав од сите да најдат политичко решение за неколкугодишната криза. Чувствата на лидерите на партиите треба да останат на второ место, омразата е голема, истакна Борисов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...