Руската амбасада демантира дека имало закани од екстремисти од Македонија и Косово

Руската амбасада во Тирана ја демантираше информацијата емитувана на дел од албанските медиуми, во која тие тврдат дека амбасадорот Александар Капрушин имал закани по живот од радикални екстремистички групи од Македонија и од Косово.

Во соопштението, амбасадата искажува изненадување од пласирањето вакви неточни информации, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Руската амбасада искажува големо изненадување и зачуденост во врска со веста објавена на телевизијата Визион Плус, а потоа и на други албански медиуми, околу безбедноста на руската дипломатска мисија во Тирана. Во нашите оценки, за една толку сензитивна сфера, како што е заштитата, безбедноста и одбраната на странските дипломатски мисии, што според меѓународното право, е обврска на секоја земја домаќин, не треба да биде објект на јавна дебата, стои во соопштението за јавноста.

Во него се додава дека без оглед што медиумите се повикуваат на некој дипломатски извор, информацијата содржи невистинити и целосно провокативни информации, дека наводно руската амбасада во Тирана планира да донесе група свои агенти за антитероризам, како дополнително обезбедување на истата.

Амбасадата во исто време ги демантира информациите во албанските медиуми дека на престојните парламентарни избори, на 18 јуни, ќе има руско влијание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...