Челик: Турција верува во вредностите и интересите на ЕУ

Анкара, 9 мај 2017 (МИА) - Турција верува во вредностите и интересите, што и самата ги споделува со Европската Унија, изјави турскиот министер за ЕУ, Омер Челик.

Како што јави „Дејли сабах", говорејќи по повод Денот на Европа, Челик истакна дека целта на Турција за присоединување кон Унијата се заснова на демократијата, мирот, човековите права, економскиот развој и високиот стандард.

- ЕУ ја симболизира заштитата на културните ведности, разноликоста и просперитетот, и најважното - заедничката иднина заснована на овие идеи. Растечката исламофобија и елстремно десните идеи во Европа претставуваат голема закана за тие вредности, нагласи Челик.

Тој притоа ја повика ЕУ да се оттргне од предрасудите и стравовите, кои му пречат на развојот на нејзините земји и да се врати кон суштинските свои вредности.

- Турција ќе биде најголемиот поддржувач на ЕУ во тој процес, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...