ОБСЕ ја почна набљудувачката мисија за изборите во Албанија

Тирана, 9 мај 2017 (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска и официјално ја почна својата набљудувачка мисија за претстојните парламентарни избори во Албанија.
Како што јави дописникот на МИА, ОБСЕ соопшти дека во рамки на мисијата ќе бидат распоредени 26 постојани набљудувачи, а дополнително ќе бидат ангажирани уште 300 претставници од сите 57 земји членки на Организацијата, со исклучок на Албанија.
Парламентарните избори во Албанија се закажани за 18 јуни и за учество на нив се пријавени 15 политички партии, меѓу кои ниту една опозициска. Опозицијата се сомнева дека актуелната Влада ќе манипулира со изборниот процес и бара да биде формирана техничка влада која ќе спроведе „слободни и фер избори“.
Актуелниот премиер Еди Рама, кој е и лидер на Социјалистичката партија, денеска од партиската Изборна конвенција иронично изјави дека по 27 години албанскиот Парламент ќе биде без Сали Бериша, алудирајќи на почесниот лидер на демократите.
Во отсуство на опозициски кандидати главната битка ќе се води меѓу Социјалистичката партија на Рама и Социјалиситчкото движење за интергарција на Петрит Васили, кое до неодамна го водеше Илир Мета, кој на крајот на јуни ќе ја преземе функцијата шеф на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...