Харадинај: Приштина може и сама да ги реши проблемите со Белград

Приштина, 15 мај 2017 (МИА) - Брисел очигледно не може да ги реши проблемите меѓу Приштина и Белград, а ако тоа не му успее ниту на Вашингтон, ние ќе мораме сами „да ја одработиме нашата работа“, изјави синоќа поранешниот косовски премиер и лидер на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај.

- Брисел мора да реши и да каже дали може да ги заврши работите меѓу Косово и Србија, изјави Харадинај, кој неодамна беше ослободен од француски суд од барањето на Србија за негова екстрадиција под обвиненија за воени злосторства.

Харадинај, како што јави Танјуг, изјави дека е уверен оти Брисел не може да ги реши проблемите, па затоа побара „Вашингтон да се врати на Балканот“.

- Вашингтон е добар во завршување на работите меѓу Косово и Србија. Но, ако тие не дојдат да ни помогнат, тогаш едноставно не би требале повеќе да чекаме, туку сами да ги одработиме нашите работи. Немаме луксуз да чекаме уште многу време, порача Харадинај на предизборен собир на неговата партија во Подуево.

На ваквите изјави реагираше српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин, кој изјави дека очекува ЕУ и САД остро да ги осудат „повиците на Рамуш Харадинај на војна“.

- Србија е чувар на мирот на Балканот и прави се за да не дојде до судири, порача Вулин.

Според Вулин, доколку Харадинај сака да предизвика војна овој пат ќе мора да ја води сам „без целиот свет зад него“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...