Се трага по уште една потенцијална жртва од пожарот на Пелопонез

Атина, 15 мај 2017 (МИА) - Пожарникарите во приморскиот град Агиос Теодори, кој се наоѓа на грчкиот полуостров Пелопонез, меѓу Атина и Коринт, денеска целосно го ставија под контрола големиот шумски пожар во кој загина едно лице, а во тек е потрага по уште една исчезната жена.
Пожарот избувна во пошумено подрачје на периферијата на Агиос Теодори вчера по 15 часот и за брзо време стигна до населениот дел на областа.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, пожарникарите успеале да спасат еден 84-годишен маж и една 80-годишна жена, кои се хоспитализирани со изгореници.
Пожарникарите при гаснењето на огнот во еден шанец пронашле јагленосано тело, кое се уште не е идентификувано.
Грчките медиуми првично јавија дека претпоставува оти телото и припаѓа на една 79-годишна жена, која вчера во попладневните часови биле пријавена како исчезната, но спасувачките тимови сепак продолжуваат со потрагата по неа.
Огнената стихија уништи најмалку две куќи, а гаснењето на пожарот го отежнуваше силниот ветер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...