Марковиќ: Продолжувањето на ЕУ интеграциите со еден посилен капацитет

Брисел, 25 мај 2017 (МИА) - Црна Гора го продолжува процесот на европски интеграции, со посилен капацитет како членка на НАТО, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, на состанок со високата претставничка на Европската унија за заедничка политика и безбедност, Федерика Могерини.

- Црна Гора е пример за успешен пристап. За мене е важно и натаму силно да напредувате, рече Могерини на состанокот со Марковиќ во Брисел.

Марковиќ ја потсети шефицата на дипломатијата на ЕУ на очекувањата на Црна Гора дека претпристапните преговори ќе завршат најмногу за пет години.

- Немаме скриена агенда и сакаме силно да одиме по тој пат концентрирајќи се на реформите и на усвојување на европските вредности со што во ЕУ би влегле со сиот свој потенцијал, рече Марковиќ.

Тој ја потенцира потребата регионот своите проблеми да се обиде да ги реши сам без посебна потреба за медијација на Европската комисија.

- Мошне е важно работејќи на европската агенда да ги јакнеме и односите внатре во регионот. Потребно е да работиме заедно, рака под рака со цел да ги совладаме предизвиците, додаде Марковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...