Мустафа до Могерини: Косово е посветено на ЕУ интеграциите

Приштина, 25 мај 2017 (МИА) - Косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа тврди дека ја уверил високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека Косово е посветено на европските интеграции, пишува денеска приштинскиот весник „Бота сот“.

- И покртај влегувањето во изборниот процес, ќе продолжиме да го следиме патот, кој води кон европската перспектива, рече Мустафа по состанокот со Могерини.

Тој додаде дека како лидер на Демократскиот сојуз на Косово ќе продолжи да ги поддржува процесите, кои се покренати за време на неговиот мандат како премиер, како што е спогодбата за демаркација со Црна Гора, формирање на Заедницата на српски општини и дијалогот со Белград.

- Нема друго решение, мораме да обезбедиме примена на договореното и да ги исполниме постигнатите договори, рече Мустафа по билатерлниот состанок со Могерини.

Тој изјави дека со неа разговарал и за формирање на Заедницата на српските општини, дијалогот со Белград и визната либерализација.

Мустафа синоќа присуствуваше на неформалната вечера, која за премиерите од Западен Балкан ја подготви Могерини во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...