Албанија му враќа на Бразил 26 тони месо поради салмонела

Тирана, 27 мај 2017 (МИА) - Албанската Национална комисија за храна соопшти дека ја враќа пратката со месо во Бразил, откако при проверките било утврдено присуство на високо ниво на салмонела.

Приближно 26 тони смрзнато месо од живина, увезено од албанска компанија, се блокирани во пристаништето Драч од почетокот на месецот.

Во соопштението од албанската Национална комисија за храна се дополнува дека месото од живина ќе биде вратено во Бразил, откако ќе биде комплетирана потребната документација во царината.

Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.

Во март се значително намалени количествата извоз на месо од Бразил, откако истражителите открија дека бразилски здравствени инспектори биле потплатени да го занемарат фактот дека на голем број пратки им е истечен рокот.

После овој скандал, албанските власти детално го контролираат месото увезено од оваа најголема јужноамериканска држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...