Саудиска Арабија ја купува Босна

Арапските инвеститори преку домашни посредници продолжуваат да купуваат земјиште во Босна и Херцеговина - низ Сараево и околината.

Последните месеци, најмногу купуваат напуштено обработливо земјиште на Срби и Хрвати на подрачјето на Посавина, пишува загрепски Вечерњи лист во издание за БиХ.

Како што се наведува, парите од Саудиска Арабија, доаѓаат преку невладините организации, фондации и фондови, додека работите ги вршат локалните претставници.

Според достапните информации, на подрачјето на познатиот католички центар Плехана, инвеститори од Зеница се обиделе да купат земјиште за да изградат големи пчеларници, но поради интервенцијата на локалното свештенство, сепак не дошло до тоа.

На подрачјето на Дервента, локални Бошњаци во март со поддршка на странски фондови, купиле 3.000 дунуми (дунум е површина од 1.000 метри квадратни) земјиште од хрватските семејства Седлиќ и Гаура, а како што се наведува имало притисоци и кон други семејства.

Според наводите на соговорниците на весникот, кампањата за продажба на земјиштето моментно е запрена, а и локалната српска власт е загрижена, па смислува начини како да ја спречат продажбата на земјиштето.

Истите извори наведуваат дека посредници на подрачјето на Модриќа се обиделе да дојдат до евтина земја на раселени Хрвати.

Весникот пишува дека компанијата на тајкунот Алија Будња, кој е близок до бошњачката Партија за демократска акција (СДА) и да арапски фондови, го купила местото Трњак на подрачјето на општината Оџак, кое пред војната било населено со Срби. Станува збор за околу 30 хектари земјиште.

Според наводите од општина Оџак, набрзо по купувањето на земјиштето, реагирале хрватските, но и српските претставници на општина Шамац, па било стопирано натамошно купување на земјиште и недвижности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...