Вучиќ: Ќе имаме проблеми, но Приштина нема да има контрола врз Србите

Белград, 12 јуни 2017 (МИА) - Сакаме сериозен дијалог со Албанците, но тие треба да знаат дека сакаме да ги почитуваме интересите на косовските Срби, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со резултатот од вчера одржаните предвремени парламентарни избори во Косово.

- Таканаречената „воена“ коалиција или „коалиција на ветераните“, која го освои мнозинството на изборите во Косово, е таа група која најдиректно ги заплашуваше Србите и тоа ќе ни создаде многу проблеми, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека коалицијата во Приштина сега има против себе единствен блок на српски политички претставници, кои ќе ги штитат интересите на Србите и на Србија во Косово.

Според него, „од клучно значење е што Албанците не успејаа да го постигнат кај Србите тоа што го сакаа тие и некои други однадвор, а тоа е да имаат еден вид контрола врз српските пратеници при донесување одлуки во Косово.

- Резултатите од изборите ќе ни донесат многу проблеми, но ќе се бориме за стабилност и ќе го продолжиме дијалогот, бидејќи така ќе го зачуваме мирот, додаде српскиот претседател.

Коалицијата ПАН, составена од Демократската партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, чиј поранешен лидер е косовскиот претседател Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Иницијатвата за Косово на Фатмир Лимај, победи на вчерашните косовски предвремени парламентарни избори.

Оваа изборна коалиција доби 34,6 отсто од гласовите, пред Движењето „Самоопределување“ со 26,2 проценти, додека коалицијата на Демократски сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа и Алијансата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли е трата со 25,8 отсто. Српската листа (СЛ) освои околу 4 проценти од гласовите, додека сите останатите партии вкупно 9,5 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...