Тачи: Дијалогот помеѓу Приштина и Белград се поставува на претседателско ниво

Приштина, 12 јуни 2017 (МИА) - Дијалогот помеѓу Приштина и Белград ќе биде поставен на претседателско ниво, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи за „Дојче веле“.
- Фокусот на разговорите ќе биде во поширока политичка рамка, која ќе има за цел да се постигне спогодба којашто би водела кон добрососедски односи, нормализација, помирување и соработка... Кој и да ја формира новата влада во Косово, ќе треба да се осврне на формирање Заедница на српските општини, и на решавање на прашањето околу демаркирањето на границата со Црна Гора, рече тој.

Како што пренесува БТА, Тачи натаму ги повторува острите критики кон Европската Унија за нејзиниот пристап кон Косово.

- Не се откажувам од ништо што сум го кажал претходно. Не ја критикувам ЕУ, туку сум загрижен за нејзиното одлагање на (развојот на односите со) Косово и другите балкански земји. Тоа одлагање и празнината произведоа мноштво неевроантлантски идеи во нашиот регион, додава тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...