Вучиќ: Србија никогаш нема да се придружи кон антируските санкции

Белград, 21 јуни 2017 (МИА) - Србија има за цел да ги задржи пријателските односи со Русија и никогаш нема да се придружи кон антируските санкции, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија РТС.

Тој како цел на српската надворешна политика го посочи и подобрувањето на односите со Кина.

- Ние одиме по европски пат. Нашата цел е да ги задржиме стабилни пријателските односи со Русија и ние никогаш нема да воведеме санкции кон Русија. Втората наша цел е развивање односи со Кина, посочи Вучиќ на прашањето дали новата влада ќе биде прозападна.

На 15 јуни Вучиќ ја предложи Ана Барнабиќ за премиер и и порача да ги зајакне односите со Европската унија, со Русија, со Кина и со САД. Како основни задачи ги наведе зголемувањето на авторитетот на Србија на меѓународен план и развој на национачната економија.

Претседателот на Србија посочи и дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

- Како можам да го признам Косово, ако над Уставот се заколнав дека никогаш немма да го признаам Косово, наведе Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...