Рама освои 76, Баша 41 и Мета 20 пратенички места

Левата коалиција „За Албанија која ја сакаме“ предводена од социјалистите на Еди Рама е победник на вчерашните парламентарни избори во Албанија, потврдуваат првичните неофицијални резултати.

Коалицијата освоила 49,62 отсто од гласовите и обезбедила 76 пратенички мандати во 140-члениот Парламент.

Веднаш зад неа е коалицијата на десницата „Нова Република“ предводена од демократите на Љуљзим Баша, со 28.56 отсто од гласовите или 41-но пратеничко место.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Петрит Васили (екс лидер Илир Мета) обезбедила 20 пратенички места со освоени 14,95 отсто од гласовите.

Два пратенка има партијата за правда и единство (ПДИУ) и еден пратеник Социјал демократската партија.

На својот профил на Фејсбук Рама утрово напиша „75+ ремек дело на граѓаните“.

Инаку, на вчерашните избори забележана е најниска излезност до сега. Од вкупно запишаните 3.451.896 албански граѓани ,гласачкото право го оствариле 45,17 отсто. На последните парламентарни избори, пред четири години одѕивот на гласачите бил 53 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...