Грчките комунални работници го продолжуваат штрајкот

Атина, 28 јуни 2017 (МИА) - Синдикатот на грчките општински комунални работници кои собираат смет ПОЕ-ОТА, соопшти дека ќе го продолжи штрајкот до четврток, откако ги одби предлозите на премиеот Алексис Ципрас по вчерашниот состанок.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, ПОЕ-ОТА соопшти дека ќе продолжи да ги блокира камионите за смет и депониите и ќе го одржи планираниот 24-часовен штрајк закажан за утре, по што ќе одлучува за понатамошни акции.
Во исто време, грчкиот министер за внатрешни работи Панос Скурлетис изрази оптимизам дека проблемот со сметот во кој се гуши цела Грција, ќе биде решен до петок. јт/сп/10:38
###



Берлин со предупредување до Анкара за луѓето во обезбедувањето на Ердоган за Г20
Берлин, 27 јуни 2017 (МИА) - Официјален Берлин соопшти дека не очекува луѓето од обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои во САД се обвинети за насилство, да го придружуваат на Самитот Г20 што идната недела се одржува во Германија,
Претставник на германската влада изјави дека политичките лидери кои ќе учествуваат во работата на Самитот, може да ги доведат луѓето од своето обезбедување, но дека „германските закони мора да се почитуваат'.
Реакцијата на германските власти доаѓа по написите во домашните медиуми за тоа дека Ердоган на Самитот доаѓа со делегација од 50 лица и дека меѓу нив се и некои од обезбедувањето кои учествуваа во тепачката во Вашингтон за време на посетата на турскиот претседател на САД, минатиот месец.
Американските власти обвинија 12 припадници на турската тајна служба, кои го придружуваа Ердоган во САД за улично насилство и за брутално претепување на мирни демонстранти во американкиот главен град.
Тие се обвинети затоа што ги нападнале и претепале про-курдските демонстранти кои мирно протестирале против посетата на Ердоган.
Медиумите во САД покажаа дека за време на судирот, пред зградата на резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон, претседателот Ердоган седел во својот автомобил и мирно го набљудувал насилството на неговото лично обезбедување.
Предупредувањето од Берлин, би можело уште повеќе да ги влоши и онака нарушените германско-турски односи.
Медиумите во Германија најавуваат дека за Самитот Г20 што ќе се одржи во Хамбург на 7 и 8 јули, се очекуваат насилни демонстрации.
Германците најавија дека ќе има обезбедување од 15 илјади полицајци и припадници на специјалните единици. ти/ссм/16:36
###



Полска и Бугарија ја зацврстуваат воената соработка
Софија, 28 јуни 2017 (МИА) - Инспекторот на полската Воена морнарица, контраадмирал Мирослав Мордел е во посета Бугарија, каде во седиштето на бугарската Воена морнарица во Варна, се сретна со својот колега, Митко Петев, јави БТА.
- Искуството на полската Морнарица во рамки на мисиите на НАТО е од големо значење за Бугарија, изјави Петев.
Тој нагласи дека Полска успешно ја модернизирала својата флота, па Бугарија сака размена на искуства, посебно во поглед на подморничката флота. си/сп/12:18
###



Марковиќ во Стразбур: Црна Гора за пет години во ЕУ
Стразбур, 27 jуни 2017 (МИА) - Црногорскиот премиер Душко Марковиќ зборувајќи пред ПССЕ оцени дека во следните четири до пет години, реално ќе бидат завршени сите активности за Црна Гора да биде примена во ЕУ, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.
Тој зборуваше пред Парламентарното собрание на Советот на Европа по повод десетгодишнината од членството на Црна Гора во најстарата европската организација, и во таа прилика Марковиќ истакна дека Црна Гора стана членка на НАТО, успешно го води процесот на евроинтеграциите и е подобрена независноста и ефикасноста на судството, но рече дека популистичката политика се обидува да ги врати државата и општеството во минатото.
- Црна Гора од 5 јуни оваа година е полноправна членка на НАТО. Тоа не е само резултат на посветената работа на Владата што ја предводам, но и на сите претходни влади кои членството во НАТО го имаа како приоритетна цел на надворешната политика и црногорското општество како целина , рече Марковиќ.
Понатаму, црногорскиот премиер рече дека ова е наследство кое е оставено на идните генерации, првпат во историјата, Црна Гора има можност да постигне мир, стабилност и безбедност, како и подобар квалитет на живот. Марковиќ потсети дека Црна Гора го отвори 28 поглавја од преговорите за членство во ЕУ, а три се привремено затворени.
„Ние сме подготвени да отвориме до крајот на годината три или четири поглавја и така практично да го донесеме до крај овој дел од процесот. Очекуваме дека тогаш ќе започне и нова фаза на интензивно затворање на поглавја, и ние веруваме дека е реално оти во следните четири до пет години ќе ги завршиме сите задачи и ќе ја подготвиме земјата за членство во ЕУ", рече Марковиќ.
Марковиќ од Стразбур се осврна на, како што рече, „неодговорната политика на опозицијата за бојкотот на Собранието“, поради тоа што не ги признава изборите, кои, како што рече, се признати од страна на сите релевантни меѓународни фактори. тг/ссм/20:28
###



Во Хрватска поскапуваат патарините за 10 отсто
Загреб, 28 јуни 2017 (МИА) – Во Хрватска од сабота – 1 јули, на сила стапуваат поскапи летни тарифи за патарина за патнички автомобили на авто-патишта, јавија хрватски медиуми.
Патарините до 30 септември ќе бидат за 10 отсто поскапи во однос на зимските тарифи, објави Вечерњи лист.
Од сабота патарината за возење по авто-патот од Загреб до Сплит со автомобил ќе чини 199 куни (26,8 евра) наместо 181 куна (24,4 евра). Патарината на релација Загреб – Риека ќе биде 77 куни (10,4 евра) што е за седум куни повизока во однос на зимската тарифа. Возењето од Загреб до Осиек ќе биде за 12 куни поскапо и ќе изнесува 134 куни (18,1 евро). зш/09:44
###



Грција ја зафаќа топлотен бран, кој се случува еднаш на десет години
Атина, 27 јуни 2017 (МИА) - Метеоролошката служба на Грција денеска објави вонредно предупредување за топлотен бран кој од утре ќе ја зафати земјата, додека за време на викендот температурата ќе достигне 43 степени.
Градот Атина и другите општински власти ширум земјата денеска соопштија дека јавните згради и други климатизирани објекти ќе останат отворени по цел ден, каде граѓаните ќе можат да се заштитат од високите температури.
Метеоролозите предупредија дека се очекува температурите во нaредните денови постојано да се зголемуваат и до петок да достигнат 43 степени, што ќе продолжи и за време на викендот.
- Ваков топлотен бран е невообичаен во јуни и се појавува секои десет години, изјави шефот на грчката национална метеоролошка служба Антонис Лалос за државната новинска агенција АНА-МПА.
- Не знаеме што да очекуваме за јули, но не треба да претпоставуваме дека само затоа што сега гориме, тоа повторно ќе се случи во јули, додаде тој.
Здравствените власти во Атина вчера предупредија на покачени нивоа на озон, советувајќи ги старите лица, малите деца и лицата кои страдаат од проблеми со срцето или дишењето да избегнуваат подолго престојување надвор.
Властите, исто така, ги советуваат туристите да не ризикуваат топлотен удар заради совршен тен, советувајќи ги да останат во сенка и да пијат многу вода додека се на плажа. јт/ми/15:42
###



Заврши пребројувањето, Рама обезбеди 74 пратеници
Тирана, 27 јуни 2017 (МИА) – Доцна попладнево, по пребројувањето на гласачките ливчиња од неделните парламентарни избори, потврден е трумфот на социјалистите на премиерот Еди Рама.
Тие,з аедно со партиите од коалицијата „За Албанија која ја сакаме“ освоија 74 пратенички мандати во 140-члениот парламент. За оваа коалиција гласале 761.473 лица или 48,2 отсто.
Од првите парламентарни избори во 1992 година, по падот на тоталитаризмот, ова е првпат една партија да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира Влада.
Веднаш зад неа е коалицијата на десницата „Нова Република“ предводена од демократите на Љуљзим Баша со 453.156 гласови или 28,69 отсто, што значи 43 пратенички места.
За партијата Движење за социјалистичка интеграција, ЛСИ, на Петрит Васили (екс лидер Илир Мета) гласале 226.124 граѓани или 14,31 отсто,што на партијата и обезбеди 19 пратенички места.
Во новиот состав на албанскиот законодавен дом има уште четворица пратеници, тројца од Партијата за единство и правда(партија на протераните Чами) и еден пратеник од Социјалдемократската партија.
Споредено со изборите од јуни 2013 година, социјалистите имаат девет пратеници повеќе, демократите седум помалку, Движењето за социјалистичка интеграција три пратеници повеќе, додека нациналстичката партија за правда и единство еден пратеник помалку. Меѓу кандидатите на оваа партија кои не си обезбедија пратенички мандат е и Мерсила Дода, позната по иредентистичките изјави за Македонија, која не ја доби потребната поддршка во Изборната едница Пешкопеја, од каде ги испраќаше пораките.
Инаку, на овие избори забележана е најниска излезност до сега. Од вкупно запишаните 3.451,896 албански граѓани, гласачкото право го оствариле 46,58 отсто. На парламентарните избори пред четири години, одзивот на гласачите бил 53 отсто. вт/ссм/21:16
###




Баша ја замрзна својата функција лидер на демократите
Тирана, 28 јуни 2017 (МИА) - Лидерот на албанските Демократска партија, Љуљзим Баша, најави дека ја замрзнува својата партиска функција, по лошите резултати на демократите на парламентарните избори.
Како што јави дописникот на МИА, Баша соопшти дека ќе ја „замрзне“ функцијата се до новите избори во партијата и оти надлежностите привремено им ги отстапува на Едмонд Спахо и Ридван Боде.
- Признание за граѓаните што гласаа за нашиот проект, изјави Баша во своето прво обраќање до јавноста по пораз на партијата на парламентарните избори, на кои демократите освоија 43 пратенички мандати или седум помалку во однос на изборите од пред четири години.
Баша упати тешки обвинувања дека овој изборен процес бил под закана и оти имало „масовно купување гласови со пари од дрога“.
- И покрај сите напори кои јас и Демократската партија ги вложивме, криминалот, валканите пари и притисокот врз државата не престанува. Купувањето гласови беше масовно. Ова беше нерамноправен натпревар. Натпревар во кој јас не ни помслував да конкурирам со идентични средства, рече Баша оценувајќи дека поразот на демократите е резултат токму на тој факт.
Оние граѓани кои не сакаа да го продадат гласот, посочи Баша, се поттик да не застанеме на патот на иднинта на Демократската партија.
Со ова Баша, индиректно стави до знаење дека тој нема да поднесе оставка на лидерската функција во партијата, иако многу негови сопартијци побара да се повлече од местото лидер, обвнувајќи го дека е главен виновник за изборниот пораз. вт/сп/08:58
###



Рогозин: Србија нема да биде примена во ЕУ ако не се откаже од Косово
Белград, 27 јуни 2017 (МИА) - Србија нема да биде примена во Европската унија, ако не се откаже од Косово, изјави рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, цитиран од Танјуг.
Во интервју за српската редакција на агенција Спутник, тој рече дека очекува Србија да има добра влада, но условите ќе бидат такви дека Србија никогаш нема да биде примена во ЕУ.
- Прво, каде да ве примат, кога сите бегаат оттаму? Кај нив има скандал. Англичаните си одат, а вас ве убедуваат да одите во ЕУ. Ним не им се допаѓа, а сакаат вам да ви се допадне. Не може така. Тука нешто не е во ред, истакна Рогозин.
Што се однесува до условите за членство на Србија, Рогозин, смета дека ќе се обидат да ја принудат да се откаже од Косово, а таа тоа никогаш нема да го направи. Тој истакна дека и прозападниот Србин никогаш нема да ја предаде својата татковина.
- Може да се преговара за економија, за курсот, за даноците, но тоа (прашањето за Косово) веќе е прашање на предавство. А без откажување од Косово, Србите нема да ги примат во ЕУ, убеден е Рогозин. Според него, преговорите меѓу Белград и Брисел ќе се одолговлекуваат бескрајно, како оние со Турција или пак Србија ќе биде „разбиена на делови и ќе биде примена дел по дел“.
Тој истакна дека на Запад ги сметаат Србите за „балкански Руси“ и колку и да се мачат Србите да им се допаднат, никогаш нема да можат.
Коментирајќи го членството на Црна Гора во НАТО и тврдењата дека Русија ја пропуштила шансата да го запре влијанието на Алијансата на Балканот, Рогозин изјави дека приемот на Црна Гора во блокот всушност е насочено против Србија, а не против Русија и дека е „предизвикан конфликт меѓу родени браќа и сестри“.
- Истото се случи и со Русија и Украина, рече Рогозин, обвинувајќи ги Американците дека тие го „посеале семето на непријателството“ и дека за нив е важно да има војна, бидејќи заработуваат од неа.
Рускиот вицепремиер ги отфрли и стравовите на Западот за наводен воен или шпионски карактер на руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш, велејќи дека не разбира зошто САД толку се „уплашиле“ од него.
- Таму има две мачки и неколку кучиња кои лаат толку силно што се слуша во Косово. И четворица членови на цивилната заштита пред пензија, кои се неверојатна закана за американската државна безбедност, коментира Рогозин. ссм/19:19
###



Доскоцил предупредува на исламизација на Балканот
Берлин, 28 јуни 2017 (МИА) – Мнистерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил предупредува на ширење на влијание на Турција и Саудиска Арабија во држави од Западен Балкан.
- Влијанието на ЕУ во држави од Балканот се намалува, а истовремено Турција и Саудиска Арабија го шират своето влијание во Албанија, на Косово и во Србија, изјави тој во интервју за германски Велт.
Доскоцил вели дека се работи за прикриена исламизација.
– Поради тој развој, според мене би било неоправдано Турција во рамки на НАТО мисии да зголеми број на свои војници на Балканот, нагласи тој. зш/09:06
###



Нов круг преговори за обединување на Кипар во Швајцарија
Женева, 28 јуни 2017 (МИА) - Прашањето на безбедноста е прва точка на дневниот ред на новиот круг преговори за обединување на Кипар, што започна денеска во швајцарското одморалиште Кран Монтана со учество на лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадис и Мустафа Акинџи и претставници на ОН, Грција, Турција, Велика Британија и ЕУ.
Како што јави ДПА, според планот на Обединетите нации, под чие покровителство се одруваат преговорите, предвидено е прво да се разговара за најсложените прашања, како што се иднината на турските војници стационирани на Кипар и улогата на државите гаранти на безбедноста на островот - Грција, Турција и Велика Британија.
Во северниот дел на Кипар, на територијата на Турската Република Северен Кипар се распоредени околу 35 илјади турски војници, на чие етапно повлекување од островот инсистира Владата на кипарските Грци. Од друга страна, кипарските Турци се залагаат турските војници да останат на островот и по планираното обединување на двата дела на Кипар.
Второто спорно прашање се однесува на правото на воена интервенција на трите држави гаранти на безбедноста на Кипар. Кипарските Грци бараат трите земји гаранти во иднина да немаат право на еднострана воена интервенција на Кипар, став кој го поддржува и Владата во Атина.
Специјалниот пратенит на ОН за Кипар, Еспен Барт Ејде во пресрет на новиот круг преговори изјави дека двете страни имаат „дијаментрално спротивни“ ставови во однос на прашањето за безбедноста на идната кипарска федерална држава.
Кипар е поделен од 1974 година кога турската армија интервенираше на островот, како одговор на воениот преврат предводен од кипарските Грци, чија цел беше приклучување на земјата кон Грција. По воената интервенција на Турција, турските сили презедоа контрола врз северниот дел на островот, каде подоцна беше прогласена Турската Република Северен Кипар, која е призната само од страна на Анкара. ви/сп/13:23
###



Анкета: Најмногу Бошњаците, а најмалку Србите ја сметаат БиХ за своја држава
Бања Лука, 27 јуни 2017 (МИА) - Само 44,7 отсто од испитаниците безусловно ја дожувуваат Босна и Херцеговина како своја држава. Најголем број од нив се Бошњаци (70), а најмал процент се Србите (9,5), покажуваат резултатите од анкетата на Агенцијата за маркетинг „Prime communications“.
Од 1.500 испитаници на прашањето дали БиХ ја гладаат како своја држава, 44,7 отсто одговориле дека „целосно се согласуват“, а 29,9 дека „делумно се согласуваат“.
Истражувањето потврди дека односот кон БиХ како држава зависи на која етничка група припаѓаат учесниците во анкетата.
Меѓу испитаниците кои се изјасниле како Хрвати - 31 процент одговориле дека БиХ „безусловно“ ја сметаат како своја држава, додека 44 отсто тоа го прифаќаат „условно“.
Кај Хрватите 15,5 проценти „воглавно не се согласуваат“ со тоа БиХ да е нивна држава.
Додека кај Бошњаците - 70,5 отсто одговориле дека БиХ „безусловно“ е нивна држава, додека 22,1 проценти го избрале одговорот дека БиХ е „воглавно нивна држава“.
БиХ како своја држава не ја доживуваат само три отсто од анкетираните Бошњаци.
Додека кај Србите ситуацијата е сосема спротивна - само 9,5 отсто се изјасниле дека БиХ е „безусловно нивна држава“, 34 проценти се „условно соласни“, а другите не ја доживуваат БиХ како своја држава. ми/ссм/17:59
###



„Велт": Германски пратеници можни жртви на шпионажа од Турција
Берлин, 28 јуни 2017 (МИА) - Германската федерална полиција ги предупреди пратениците во Бундестагот дека можеби се следени од турските разузнавачки служби и дека е можно турски националисти да претставуваат закана за нив, јавува германскиот магазин „Велт".
Овие информации можат дополнително да ги заострат и онака затегнатите односи помеѓу Германија и Турција, кои по многу прашања немаат заеднички став.
- Последниве седмици федералната полиција спроведе т.н. „дискусии за безбедноста" со неколку пратеници. Акцентот на тие дискусии е ставен врз можно следење од страна на турското разузнавање и опасности за безбедноста, кои доаѓаат од турските националисти, стои во написот.
Засега нема коментар од Централата на германската федерална полиција на ваквото тврдење на „Велт“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...