Шокантно зголемување на даноците за илјадници Грци

Атина, 17 јули 2017 (МИА) - „Шок и ужас за даночници обврзници во Грција, бидејќи налозите што ги дибија за плаќање сега се двојно повисоки од минатата година“, пишува весникот „Катимерини“.

Весникот подвлекува дека ова се должи на зголемувањето на даноците, што произлезе од договорот меѓу владата и меѓународните кредитори во замена за доделување на последната финансиска инјекција на земјата.

Податоците покажуваат дека даноците просечно се зголемени за 35-40 отсто, а во некои случаи зголемувањето е и двојно.

Така на пример, даночните обврзници со годишни примања од околу 66.000 евра во 2015 година и 76.000 евра во 2016 година сега треба да платат 21.646 евра, додека минатата година оваа сума изнесувала 10. 692 евра. Плаќањето на даноците се изведува со уплати.

Весникот „Прото тема“ коментира дека зголемувањето на даноците се должи на спогодбата, потпишана од владата со меѓународните кредитори на земјата во рамки на третиот спасувачки пакет финансиска помош.

Договорените измени при оданочувањето ќе зафатат приближно 2,5 милиона даночни обврзници.

Шокот е огромен и од него нема да можат да избегаат дури и оние со ниски приходи, под 800 евра, пишува весникот и дополнува дека драмата доаѓа од тоа што оние кои годинава добиле помалку пари ќе платат повеќе, а оние кои пријавиле повеќе (над 100.000 или 200.000 евра во 2016 година) сега треба да платат 80 отсто од своите приходи.

Што се однесува до луѓето со најниски плати, кои живеат со 650-750 евра месечно (односно секој четврти вработен и двајца на секој трет пензионер), годинава ќе треба да платат по 100 евра, додека до минатата година оваа категорија не плаќаше данок на доход.

Заради ваквите даноци лекарите, адвокатите и претприемачите размислуваат дури и да затворање на своите кабинети и канцеларии, бидејќи гледаат дека државата ги ограбува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...