Полицијата во Скадар заплени 115 килограми марихуана

Тирана, 19 јули 2017 (МИА) - Полицијата во северниот албански град Скадар заплени 115 килограми марихуана, која најверојато требало да биде прошверцувана преку албанско-црногорската граница кон западноевропскиот нарко пазар.
Како што јави дописникот на МИА, во полициската акција наречена „Околина“ е уапсен еден 46-годишен жител на Скадар во чија куќа при претрес била откриена дрогата.
Дрогата била пакувана во 87 пакетчиња, кои биле ставени во десет вреќи.
Против приведениот е покрената кривична пријава под обвинение за „производство и продажба на наркотци“.
Претходно, албанската полиција во еднодневна масовна акција во неколку населени места заплени 18 тони марихуана подготвена за транспорт и уапси 12 лица, меѓу кои и двајца полициски службеници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...