Албанија во „пламен“ - пожари гаснат и хелкоптери од Грција и НАТО

Тирана, 19 јули 2017 (МИА) - На барање на албанската Влада за помош во гаснењето на многуте пожари кои беснеат низ земјата, попладнево се вклучија два хеликоптера, еден Грција и еден од НАТО.
Како што јави дописникот на МИА, тие се ангажирани во гаснењето на четирите големи пожари кои неколку дена беснеат во северниот дел на земјата во подрачјето на Скадар.
Претходно, албанскиот министер за внатрешни работи Дритан Демирај, потврди дека е побарана помош и додаде дека се во постојан контакт со претставниците на НАТО и надлежните органи во Црна Гора и Грција.
Посебна благодарност тој и искажа за компанијата „Вива“, која од вчера е вклучена со два хеликоптера во гаснење на пожарите.
Според албанските надлежни служби, во последните 24 часа во Албанија се регистрирани нови 12 пожари на подрачјата на Скадар, Тирана, Драч, Елбасан и Фиер.
Посебен проблем во гаснењето на активните пожари е недостапниот терен, како и ветерот во планинските предели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...