Демирташ: Никој нема можност за праведен судски процес во Турција

Анкара, 19 јули 2017 (МИА) - Лидерот на турската прокурдска Демократска партија на народите, Селахатин Демирташ, кој се наоѓа во затвор, изјави во интервју дека не постои судија кој може да му се спротивстави на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и изрази сомнеж дека некогаш би можело да има праведен судски процес за него.
Демирташ е еден од повеќето пратеници на прокурдската партија, кои се уапсени при акциите на турските власти по неуспешниот обид за преврат во јули минатата година. Повеќето од нив се обвинети за поврзаност со Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација од страна на САД, Турција и Европа, но сите пратеници ги демантираат таквите тврдења.
- Одлуката за моето и апсењето на моите колеги е политички мотивирана. Моментно судскиот систем во Турција е под целосна контрола и притисок на владејачката Партија на правдата и развојот. Никој нема можност за праведен процес, истакна Демирташ.
Тој изрази жалење бидејќи „ниту еден судија во Турција не може да им се спротивстави на незаконските и криминални коментари на Ердоган“.
- Судиите се соочуваат со опасност да бидат сменети, да добијат отказ или да бидат уапсени. Се разбира, одговорни се Ердоган и судиите кои го поддржуваат, нагласи Демирташ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...