Ердоган со критики за коментари на германскиот министер за економија

Истанбул, 21 јули 2017 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди денеска коментарите на германскиот министер за економија кој ги предупреди компаниите да не инвестираат во Турција.

Тој нагласи дека турскиот судски систем е понезависен од германскиот. Во говор во Истанбул, Ердоган рече дека предупредувањето од германското МНР за патувањата во Турција е „неосновано и злонамерно“.

Тој вели дека германската Влада треба да биде одговорна за терористите кои според него, ги крие државата.
– Исклучително тешко е германски компании да прават инвестиции во Турција во сегашната политичка клима во државата, изјави вчера германскиот министер за економија Бригите Циприс.

Турција им достави на германските власти список со над 680 компании осомничени за поддршка на тероризам, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор во службите за безбедност.

Бројката е речиси 10 пати поголема од првично соопштената од германски медиуми.
Германски „Цајт“ објави вчера дека во списокот се големи концерни како Дајмлер и БАСФ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...