Хрватска не заслужува да влезе во Шенген зоната

Словенечкиот шеф на дипломатијата, Карл Ерјавец, испрати писмо до Европската комисија во кое наведува дека Хрватска не заслужува влез во Шенгенскиот простор, затоа што со нарушувањата на границата во Пиранскиот Залив од страна на нејзините рибарски и полициски бродови го нарушува правниот поредок на Европската Унија и територијалната целост на Шенген, соопшти хрватската национална телевизија ХРТ.

„Држава која тоа го прави со умисла и не го почитува меѓународното право, не ги исполнува условите да стане дел од Шенген“, подвлече словенечкиот министер во писмото. Тој, исто така, додава дека словенечкиот премиер Миро Церар е запознат со содржината на писмото и смета дека Хрватска е должна да ја почитува одлуката на Арбитражниот суд за границата во Пиранскиот Залив.

Постојаниот арбитражен суд во Хаг минатиот месец го реши долгогодишниот спор меѓу Словенија и Хрватска за Пиранскиот Залив, утврдувајќи дека поголем дел од заливот и приѓа на Словенија, која со специјален акт доби и коридор преку хрватските територијални води кон меѓународните води.

Хрватска и Словенија за морската граница во Пиранскиот Залив спорат уште од 1991 година. Двете земји во 2009 година се согласија на арбитража, но Хрватска се откажа од неа во 2015 година, откако беше откриено дека словенечки претставници лобирале пред судиите да донесат одлука во нивна корист.

Загреб одбива да ја признае одлуката на Арбитражниот суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...