Хан: Турската економија ќе биде загрозена доколку тензиите со ЕУ излезат од контрола

Брисел, 24 јули 2017 (МИА) - Европската Унија денеска ја предупреди Турција дека нејзината економија може да претрпи штета доколку растечките тензии со Унијата, особено со Германија, излезат од контрола.
Во пресрет на преговорите во Брисел со високите турски претставници, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска предупреди дека оваа земја, кандидат за придружување кон Унијата „се оддалечува од европските вредности“.
- Секогаш се грижам да не дојде до раст на тензиите меѓу некои од нашите држави членки или повеќе наши членки со соседните земји. Мислам дека Турција треба да ги разбере причините за тоа и да поработи на тоа, рече Хан.
Тој укажа дека туристичката сезона е во полн ек и дека „секако не од корист луѓето да се повикаат да одат таму“.
- Истото важи и за инвестициите во оваа земја, бидејќи ситуацијата изгледа многу несигурна, неизвесна и нестабилна.
Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, утре имаат средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и турскиот министер за прашањата на ЕУ, Омер Челик, во моменти кога размената на ставови меѓу двете страни станува се поостра заради обвинувањата против Анкара за непочитување на човековите права и нејзните остри мерки по минатогодишниот обид за преврат.
Особено се влошени односите меѓу Германија и Турција, бидејќи двете партнерски земји членки на НАТО се во судир заради апсењата на неколку германски државјани во рамки на острите мерки кои Анкара ги спроведува, но и заради прашањето на пристапот на германските пратеници до базата на НАТО во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...