Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг е новиот портпарол на турската влада

Анкара, 24 јули 2017 (МИА) - Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг е новиот портпарол на турската влада, соопшти турската телевизија НТВ, пренесува БТА.
Во Анкара денеска се одржа првата седница на новиот состав на кабинетот по минатонеделните персонални промени во владата.
На прес-конференцијата по состанокот новиот владин портпарол Боздаг објави дека турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек ќе биде одговарен за економски прашања.
Шимшек, кој е поранешен банкар од Волстрит, ќе биде одговорен за економската координација, банки и економски институции, рече Боздаг.
Вицепремиерот Фикри Ишик ќе биде одговарен за инвестициите, објави Боздаг.
Самиот Бекир Боздаг, освен како владин портпарол, ќе има функции поврзани со односите со парламентот, со Државниот совет (највисокиот административен суд), со Дирекцијата за религиозни прашања на Турција (Дијанет), како и со државната телевизија ТРТ и со Агенција Анадолија, информира телевизија НТВ.
Вицепремиерот Реџеп Акдаг ќе биде задолжен за координација на прашањата поврзани со Кипар, како и за Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...