„Блиц“: Повикот на Вучиќ за Косово го прифаќаат СПЦ, САНУ и дел од опозицијата

Белград, 25 јули 2017 (МИА) - Повикот на српскиот претседател Александар Вучиќ за широк општествен дијалог за Косово, кој ќе почне во септември, се подготвени да го прифатат САНУ, СПЦ и дел од опозицијата, пишува весникот „Блиц“.

Според белградскиот весник, еден дел од опозицијата ја прифаќа поканата, а дел инсистира на единствен став околу истата. Некои опозициски партии бараат од Вучиќ конкретно решение.

Шефот на државата најави дека покана да учествуваат во дијалогот ќе добијат сите релевантни политички партии, невладини организации, СПЦ и САНУ.

Од СПЦ порачуваат дека Црквата „со задоволство ќе му помогне на државниот врв“, а подготвеност да дадат свое мислење изрази и генералниот секретар на САНУ, Марко Анѓелковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...