Душан Ковачевиќ: Нема Србија деца за нова војна

Белград, 28 јули 2017 (МИА) – Еден од најзначајните српски современи писатели, Душан Ковачевиќ во изјава за Танјуг вели дека нема дилеми по прашањето за поддршка на повикот на претседателот Александар Вучиќ за широк општествен дијалог за Косово.

– Србија по страдањата во шест војни во 20 век веќе нема народ и деца за седма војна бидејќи таа нова војна би значела крај за оваа држава, изјави академик Ковачевиќ.

Тој додава дека цел на секој политичар кој води дијалог е да се спречи војна во која би биле вмешани деца. Тој вели дека наишол на добри рекации на предлогот преку мирен пат да се решаваат проблемите меѓу Србите и Албанците.

– Тој предлог е прифатен од сите страни. Се сеќавам дека таа идеја е многу стара и само во 20 век неколкупати е покренувана. Од неа се откажувале поради војни, поради несогласувања, поради притисоци од странски сили. Но, ова денес што се случува е еден од последните моменти дека спорот меѓу српскиот и албанскиот народ се решава по мирен пат, уверува Ковачевиќ.

Најценетиот современ српски драмски писател се повикува и на сопственото дипломатско искуство и проценува дека на повикот на Вучиќ „кумувал“ и дополнителен притисок од меѓународната заедница.

Тој е сигурен дека по, како што вели, 50 години проживеани во 20 век, Србија веќе никогаш не смее да војува.

– Србија денес е без економска стабилност, без дефинирани граници...Повторно е покрената приказната за границата со Хрватска, која еден ден ќе биде многу сериозна бидејќи тука е речиси збор за размена на територии. Би требало да направиме се за да не не испровоцира некој да влеземе во нова воја и тоа да биде нашата црвена линија во дијалогот со Косово во нашето општество, вели Ковачевиќ.

Она што не може да го разбере се луѓето кои денес во Белград заговараат војна.

– Ми се крева коса на глава кога ќе слушнам од луѓе кои седат во Белград дека повикуваат на одбрана на Србија на секој чекор. Тие кои зборуваат денес не можат да истрчаат ниту 100 метри, мора да јадат трипати дневно и да спијат двапати во 24 часа.

Ако ги затекне војна попладне, тие нема да може да учествуваат во неа бидејќи тогаш спијат. Нема тие да војуваат туку ќе војуваат нашите деца. Оние што се најгласни во повиците за одбрана на Србија никогаш не војувале ниту некогаш ќе војуваат, истакна Ковачевиќ.

– Секој тежок и долготраен разговор е подобар од каква било војна, потенцира тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...