Во Косово приведени 11 Срби и Руси за илегален прмин на границата

Приштина, 9 август 2017 (МИА) - Косовската полиција синоќа информираше дека привела 11 лица, државјани на Србија и Русија, под обвинение за илегално преминување на границата на Косово.

Како што јави дописникот на МИА, полицијата не го соопшти нивниот идентитет, но нагласи дека меѓу уапсените има петмина мажи (тројца Срби и двајца Руси) и шест жени (две Србинки и четири Русинки).

Најмладиот меѓу уапсените е на возраст од 15, а највозрасниот на 51 година.

- По информациите добиени по оперативен пат и преземените мерки од страна на граничната полиција, лицата се уапсени во населбата Секираќа во селото Метергофкај Подуево, веднаш по нивниот илегален влез на косовска територија, стои во полициското соопштение.

Во соопштението се додава и дека уапсените влегле во Косово со два автомобила, арка „Мерцедес“ со српски регистарски таблички.

Тие се префрлени во станица на граничната полиција и во тек е понатамошна процедура предвидена со закон, се додава во полициското соопштение.

За настанот се информирани и дежурниот државен обвинител, Адвокатската комора на Косово и руската Канцеларија за врски во Приштина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...