Грција, без образложение, итно ги повлекла авионите за гаснење пожари од Албанија

Тирана, 11 август 2017 (МИА) – Началникот на Генералштабот на грчката армија наредил итно повлекување на авионите за гаснење пожари од југот на Албанија, јави дописникот на МИА.
- Со итна наредба на Началникот на грчката армија, без никакво образолежение, авионите „Канадер“ веднаш го напуштија албанскиот воздушен простор, оставајќи го својот сосед во миг кога му е најпотребна помош, поради големиот број пожари, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.
Според извори на Дирекцијата на пожарникари од Атина, на кои се повикува телевизијата, наредбата била дадена во 12:45 часот според локално време, по што веднаш двата авиона се повлекле од акциите за гаснење на пожари во јужниот дел на Албанија и заминале во нивната база во Елефсина, кај Атина.
Истите извори немаат образложение зошто е издадена таква наредба ,кога „во Грција состојбата со пожарите била помирна за разлика од Албанија каде оваа појава достигнува кулминација“.
Со повлекувањето на грчките авиони, состојбата со пожарите во јужниот дел на Албанија ќе се влоши, оценува телевизијата и потсетува дека само пред некој ден, шефот на дипломатијата Дитмир Бушати искажал голема благодарност до Грција за помошта дадена во гаснењето на пожарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...