В понеделник продолжение на конститутивната седница на косовскиот Парламент

Приштина, 11 август 2017 (МИА) – Продолжението на конституивната седница на косовскиот парламент е закажана за в понеделник во 10 часот, објавено е на официјаланата веб страница на Парламентот.
На дневен ред ќе биде изборот на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом.
По одредувањето на датумот на седницата, без претходно да има консултативна средба со парламентарните партии, како што побара коалицијата ПАН, пристигна експресна реакција од оваа коалиција.
Пратеникот Зафир Бериша, од Иницијативата за Косово, која заедно со Демократската партија и Алијансата за иднината на Косово, ја сочинуваат коалицијата, изјави дека седницата нема да биде функционална, бидејќи немало консултации со ПАН.
- Последователната седница ќе биде комична седница, како што беа и претходните две, кои беа свикани без консултација со ПАН, изјави Бериша.
Во исто време, Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за премиер од коалицијата ПАН, изјави дека Косово за десет дена ќе има нови институции.
Тој, за Радио Слободна Европа посочи дека со поддршката од Алијасата за Ново Косово, на Беџет Пацоли, која пак е дел од коалицијата ЛАА, Косово ќе има широка владина коалиција и оти единствен кандидат за претседател на косовскиот парламент е Кадри Весели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...