Косово остана без 15 милони евра од ММФ

Приштина, 13 август 2017 (МИА) - Поради застојот во формирањето на новите институции, по предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на 11 јуни, Приштина трпи огромни штети.
Косово загуби 15 милони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бидејќи договорот за кредит, предвиден да се потпише во јуни, пропадна поради предвремените избори.
Постојаниот претставник на мисијата на ММФ за Косово, Руд Вермулен, за „Коха визион“, изјави дека планираниот кредит за Косово изминал, бидејќи во тој период се одржувале изборите, а државата била без Влада.
Првиот човек на американската стопанска комора Ариан Зека, смета дека пропаѓањето на овој договор ќе ја оневозможи реализацијата на многу проекти предвидени со овој кредит.
Косово постигна економски договор со ММФ во 2015 година. Неговата вредност беше околу 185 милони евра за рок од 22 месеци. Рокот истече на 4 август.
Имено, Косово од 2009 година е дел од овој Фонд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...